МАКРОН СЕ ЗАКАНИ СО РАСПОРЕДУВАЊЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ НИЗ ЦЕЛА ЕВРОПА Еве што му порачаа Русите
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, нагласи дека секое проширување на француското нуклеарно одвраќање кон други европски земји ќе биде предмет на одредени услови, вклучително и гаранција дека контролата врз употребата на оружјето ќе остане исклучиво во рацете на францускиот претседател.
Франција е подготвена да разговара за распоредување на своето нуклеарно оружје во други делови од Европа, изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон.
За време на интервју за француската телевизиска станица ТФ1, Макрон рече дека САД веќе имаат авиони со нуклеарно оружје авиони во Европа.
– Подготвени сме да го отвориме тој разговор – рече Макрон.
Макрон нагласи дека секое проширување на француското нуклеарно одвраќање кон други европски земји ќе биде предмет на одредени услови, вклучително и гаранција дека контролата врз употребата на оружјето ќе остане исклучиво во рацете на францускиот претседател, објави Њузвик.
– Секогаш постоела европска димензија што ги зема предвид виталните интереси – рече Макрон.
Ширењето нуклеарно оружје не помага
Кремљ денеска соопшти дека смета оти ширењето нуклеарно оружје во Европа нема да придонесе за безбедноста на европскиот континент.
– Ширењето нуклеарно оружје на европскиот континент е нешто што нема да ги зголеми безбедноста, предвидливоста и стабилноста на европскиот континент – изјави на брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Европа не е сигурна во нуклеарната посветеност на САД
Според податоците од 2024 година од Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, Франција поседува околу 280 нуклеарни боеви глави што можат да бидат лансирани од подморници или борбени авиони.
Макрон е лидер на единствената нуклеарна сила во Европската Унија, а неговите изјави ја одразуваат несигурноста меѓу европските земји околу нуклеарната посветеност на САД кон континентот, особено во контекст на заканата што ја претставува Русија.
Во интервју за француска телевизија во вторник, Макрон рече дека САД имаат нуклеарни авиони во Белгија, Германија, Италија и во Турција и дека Париз е подготвен да разговара за истата мерка.
Секое проширување на француското нуклеарно одвраќање кон други европски земји би било условно, а Макрон ќе ги дефинира условите во наредните недели и месеци.
Макрон, исто така, рече дека ЕУ нема да плаќа за безбедноста на другите и дека таквата одлука не треба да се донесува на сметка на сопствените одбранбени капацитети.