ИЗМЕНЕТ СООБРАЌАЈ НА ПАТОТ ОХРИД-КИЧЕВО Возачите се пренасочуваат кон стариот пат до Струга

Од охридската полиција апелираат до возачите на патнички и други моторни возила на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци.

262

Поради поставување сообраќајна сигнализација и сообраќајна опрема на автопатот во изградба Охрид-Кичево, поставена е девијација на дел од делницата Песочани-Требеништа и Ново село-Ботун, известува СВР Охрид.

– Тука сообраќајот се одвива по левата коловозна лента гледано од правецот Кичево-Охрид. Поради интензивирање на градежните работи, сообраќајот од раскрсницата „Петња-Распаќе“ кај Охрид, до селото Подмољје, ќе се одвива по регионалниот (стариот пат) Охрид-Струга – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.






Димоски апелира до возачите на патнички и други моторни возила на крајна внимателност при движењето на овие патни правци и доследно придржување до поставените сообраќајни знаци.

Поврзани содржини