📷 ГИ ПРЕКРШИ СТРОГИТЕ ПРАВИЛА НА ФЕСТИВАЛОТ БЕЗ ДА СЕ СОБЛЕЧЕ Бела Хадид сепак се разголи на црвениот тепих во Кан

На самото отворање на Филмскиот фестивал во Кан вечерва, познатата манекенка Бела Хадид го украде целото внимание и буквално го заобиколи новото строго правило на фестивалот: „Забранети голи фустани“.

1,992

На самото отворање на Филмскиот фестивал во Кан вечерва, познатата манекенка Бела Хадид го украде целото внимание и буквално го заобиколи новото строго правило на фестивалот: „Забранети голи фустани“.

Но, Бела Хадид докажа дека не ѝ е потребна голотија за да биде главен лик на вечерта.






Манекенката се појави на црвениот тепих во елегантен црн фустан од „Сен Лоран“ со длабок шлиц до колковите, со што ги покажа голите нозе и асиметричен грб со бретели. Без ниту еден експлицитен детаљ – а сепак разголена ги привлече сите погледи кон себе.

Фото: EPA-EFE / GUILLAUME HORCAJUELO

 

За работата да биде уште поспектакуларна, Бела го надополнила изгледот со џиновски смарагдни обетки од неверојатни 118,68 карати, како и прстен во облик на срце со дијамант од 12,15 карати.

На нејзините нозе имала сандали „Џорџија“ од „Сен Лоран“ во креп сатен кои биле покриени со кристали. Сјајот бил загарантиран.

 

А Хадид најави моден спектакл уште пред црвениот тепих: денот претходно пристигна во познатиот хотел „Мартинез“ во полежерна, но подеднакво шик издание – летен бел корсет, ѕвонести панталони и ретро потпетици од „Сен Лоран“ со детали од кожа и рафија.

 


Да потсетиме, Бела веќе носеше проѕирни фустани во Кан кои влегоа во историјата на модата.

– Поради пристојност, голотијата е забранета на црвениот тепих и во сите простории на фестивалот – се вели во соопштението на Филмскиот фестивал во Кан 2025 година.

Поврзани содржини