ТАРАВАРИ СЕ ИНТЕРЕСИРАЛ САМО ЗА БИЗНИСИТЕ НА ЗАЕВ И НА ГРУБИ На состаноците во влада не зборувал многу за евроинтеграциите?

Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите, дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди. Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, затоа што е исфрлен од игра. Живо се интересирал за господинот Артан Груби, за господинот Зоран Заев и за нивните бизниси, и важни прашања за ДУИ, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање во врска со лидерот на Алијанса на Албанците кој излезе од владата.

1,332

Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Тарвари на состаноци на владата се интересирал за бизнисите на Зоран Заев и на Артан Груби, наместо да се интересира за клучните прашања, одговори на новинарско прашање Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски беше запрашан да ги коментира обвинувањата на Таравари дека била попречена положбата на Албанците и ијзавите дека Таравари бил незадоволен што Македонија стагнира на патот кон ЕУ.






Манасиевски одговори:

– Но, на тие состаноци, господинот Таравари никогаш не разговарал за Законот за јазици, никогаш не разговарал за законско регулирање на балансерот. Не зборувал ниту некогаш некој го слушнал да зборува за ЕУ интеграциите, дека се блокирани поради наследениот спор со Бугарија, создаден токму од оние во чии прегратки сега оди. Но, знаеме дека се интересирал за концесионерот на паркинзи на Клинички центар Ѓока, затоа што е исфрлен од игра. Живо се интересирал за господинот Артан Груби, за господинот Зоран Заев и за нивните бизниси, и важни прашања за ДУИ. Не може некој да смета дека може да биде дел од Владата, а притоа да седи во прегратките на криминалот СДСМ и ДУИ. Тоа е нашето ветување пред граѓаните.

Манасиевски демантираше и дека досега било разговарано за размена на министерства или ресори, најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ вечерва на редовна седница на Извршниот комитет на која што ќе се разговара и за ова прашање.

 

Поврзани содржини