ДАЛИ НИРВАНА УКРАДЕ ПЕСНА ОД ПАРНИ ВАЉАК? Сличноста во акордите е очигледна

Тешко е да се каже дали станува збор за директна позајмица или само за несвесно влијание, но врската меѓу песните е недвосмислена, заклучува Бен Форест од лондонскиот медиум „Фар Аут“велејќи дека не е невозможно познатиот Курт Кобејн да бил запознаен со музиката на Парни Ваљак преку басистот на Нирвана Крист Новоселич, кој има хрватско потекло.

123

Лондонскиот медиум „Фар Аут“ објави необична теза, пишувајќи дека еден од најголемите гранџ бендови на сите времиња, американската Нирвана, можеби го темелела својот ран звук врз инспирација од југословенската група Парни Ваљак.

„Иако Кобејн успеа од тие влијанија да создаде препознатлив звук, некои песни, како ‘About A Girl’, откриваат сличности со постари рок-химни. Таа има акордна прогресија на акорди речиси идентична со онаа на песната ‘Hrast’ од хрватскиот состав Парни Ваљак“, пишува Форест.






Според авторот на статијата, Курт Кобејн црпел инспирација од широк спектар уметници – од алтернативни рок состави како „The Raincoats“, „The Vaselines“ и „Wipers“, до бендови од просторот на поранешна Југославија.

Тој нагласува дека не се работи само за слични акорди, туку и ритамот на тапаните и звучноста на гитарите се речиси исти. Дополнителен интересен елемент е потеклото на басистот на „Нирвана“, Крист Новоселиќ, кој има хрватско-американско потекло. Роден е во Калифорнија од хрватски родители, а дел од младоста ја поминал во Хрватска, во раните осумдесетти.

– Не е невозможно тој (Курт) да бил запознаен со музиката на Парни Ваљак и да ја ценел нивната работа. Тешко е да се каже дали станува збор за директна позајмица или само за несвесно влијание, но врската меѓу песните е недвосмислена – заклучува Бен Форест од лондонскиот медиум „Фар Аут“.

Поврзани содржини