СИ ЏИНПИНГ И ПУТИН СЕ ПООМИЛЕНИ ВО СВЕТОТ ОД ТРАМП За првпат угледот на Кина е пред реномето на САД

Всушност, од сите јавни личности вклучени во анкетата, вклучувајќи ги Илон Маск, Бил Гејтс, покојниот папа Франциск, Тејлор Свифт и Ким Кардашијан, Трамп помина најлошо. Истовремено, светската јавноста се чини дека повеќе ја цени Кина, додека САД го губат својот углед, сугерираат бројките.

427

За првпат во историјата, Кина ги престигна САД во вкупниот глобален впечаток, а нејзиниот имиџ е во голема мера позитивен во речиси сите региони освен во Европа, сугерира истражување на Индексот на перцепција на демократијата за 2025 година.

Додека Америка го губи својот углед, Кина полека го гради.






Мнозинството од 110.000 испитаници од 100 земји во светот имаат негативно мислење за САД откако американскиот претседател Доналд Трамп се врати во Белата куќа. Ова е стрмен пад во однос на минатата година, а дополнително е загубен и угледот на Европската Унија, сугерираат бројките.

Фото: Принтскрин

Од друга страна, Русија, чиј меѓународен углед го допре дното по окупацијата на Украина во 2022 година, сè уште е рангирана малку полошо од САД, но исто така бележи мали подобрувања.

Ниту Трамп не стои подобро во споредбата на популарност на лидерите. Според резултатите од анкетата, тој е помалку популарен во светот дури и од колеигите Владимир Путин и од кинескиот лидер Си Џинпинг.

Фото: Принтскрин

Всушност, од сите јавни личности вклучени во анкетата,  вклучувајќи ги Илон Маск, Бил Гејтс, покојниот папа Франциск, Тејлор Свифт и Ким Кардашијан, Трамп помина најлошо.

Од сите анкетирани земји, Израел има најлош глобален углед – особено на Блискиот Исток и Јужна Азија. Негативниот впечаток за Израел е сè пораспространет дури и во европските земји кои досега беа негови сојузници, како што е Германија.

Постои растечка вознемиреност и критики за израелската политика во Газа и на Западниот Брег.

 

Поврзани содржини