СДСМ ТВРДИ ДЕКА ФИЛИПЧЕ НЕМА НИ ИМОТ НИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕМИРАТИТЕ Па како тогаш добил златна виза за Дубаи?

Бихаќка обвини дека „ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже“, но не објасни како точно Венко Филипче добил златна виза. Без 550.000 долари или без валидна лиценца за работа, не може да се добие таква виза,.

645

Венко Филипче поседува виза за Дубаи која не е добиена на основа на никакви инвестиции или сопственост на имот. Тој не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

Потврдувајќи го зборовите на својот лидер, СДСМ лиферуваше соопштение во кое тврди дека „ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже“.






„ВМРО-ДПМНЕ, наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт освен неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, се вели во соопштението на СДСМ.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ, во име на македонската јавност, побара Филипче да одговори на тоа од каде му е нему златна виза и како дошол до неа.

„Дали има приватен бизнис кој го крие од јавноста? Дали можеби Филипче има удел во бизнисот на Заев за градење 50 катница во Дубаи? Филипче и Заев треба да се минато во македонската политика и да одговараат за нивните предавства и за криминал“, порача ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Експерти информирааат дека согласно со регулативите на ОАЕ, златна виза се добива со инвестиција од најмалку 550.000 американски долари, или ако имаш валидна лиценца за работа во Дубаи.

Повикувајќи се на овој факт, Софија Куновска потсети и на тоа како може да се добие валидна лиценца за работа во Дубаи:

„Има два неопходни кумулативни услови кои мора да се исполнат: прво, да ти го признаат факултетот, во случајов медицинските дипломи на Филипче, второ да имаш минимум 5 години стаж во ОАЕ во дејноста за која си квалификуван. Ова значи дека Венко Филипче не можел да добие златна виза заради преговори за работа во болница во Дубаи, како што се правда“, напиша Куновска.

 

Поврзани содржини