САД НЕМА ДА ИЗИГРУВААТ ПОЛИЦАЕЦ ВО КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИНДИЈА И ПАКИСТАН Вашингтон се надева дека нема да избие нуклеарна војна

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс рече дека САД сакаат ситуацијата да се смири што е можно поскоро, но нагласи дека Вашингтон не може да ги контролира Индија и Пакистан. Наместо директно вмешување, САД можат само да ги охрабрат двете страни да ја деескалираат тензијата, додаде тој, истакнувајќи дека оваа војна „фундаментално не е американска работа“ и дека не се поврзува со способноста на САД да влијаат врз ситуацијата.

102

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде и дека САД не можат да ги контролираат своите азиски соседи со нуклеарно оружје.

– Сакаме ова да деескалира што е можно поскоро. Меѓутоа, не можеме да ги контролираме овие земји. Она што можеме да го направиме е да се обидеме да ги охрабриме овие луѓе малку да ја деескалираат ситуацијата, но нема да се вклучиме во војна која фундаментално не е наша работа и нема никаква врска со способноста на САД да ја контролираат – рече Венс во интервју за „Приказната за Марта Мекалум“ на Фокс њуз.






Индија е важен партнер за Вашингтон, кој се обидува да се спротивстави на растечкото влијание на Кина, додека. пак, Пакистан останува сојузник на САД и покрај неговата намалена важност по повлекувањето на САД од соседен Авганистан во 2021 година.

Аналитичарите и некои поранешни функционери веруваат дека вмешаноста на САД во постигнувањето на дипломатските цели во војната на Русија во Украина и војната на Израел во Газа би можела да го принуди Вашингтон да ги остави Индија и Пакистан сами во наредните денови на нивните тензии, без подиректен притисок од американската влада.

Пакистан и Индија се обвинуваат меѓусебно за извршување на нападите со беспилотни летала, а министерот за одбрана на Исламабад рече дека натамошната одмазда е „сè поизвесна“.

Најновата ескалација во децениското индиско-пакистанско ривалство започна на 22 април кога исламистичките милитанти убија 26 лица во индиски Кашмир во напад за кој Њу Делхи го обвини Исламабад, кој ги негираше обвинувањата и повика на неутрална истрага.

– Наша надеж и очекување е ова да не се претвори во поширока регионална војна или, не дај, Боже, во нуклеарен конфликт – рече Венс.

Поврзани содржини