ГРАДСКИОТ ВОЗ ЌЕ МИНУВА НИЗ КИСЕЛА ВОДА И НИЗ АЕРОДРОМ Владата набавува 120 нови еколошки електрични автобуси

Јавниот превоз ќе биде на многу попристојно ниво од ова што е сега и очекувам резултатите да бидат до крајот на оваа и почетокот на следната година, нагласи вицепремиерот Александар Николоски.

2,346

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски откри дека во завршна фаза е подготовката на тендерот за набавка на 120 нови еколошки електрични автобуси, од кои 80 се наменети за Скопје – иницијатива што произлегува од барањата на Градот и општините.

– Јавниот превоз ќе биде на многу попристојно ниво од ова што е сега и очекувам резултатите да бидат до крајот на оваа и почетокот на следната година – нагласи Николоски.






Тој очекува и првата линија на „Градскиот воз” Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава.

Се работи, како што рече синоќа, за голема инвестиција од педесетина милиони евра за сите три предвидени градски линии.

Поврзани содржини