„СДСМ ИЗМИСЛУВА АНКЕТИ“ Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе од јасно е дека болката од катастрофалниот пораз сè уште го држи буден, па наместо да се соочи со вистината, си измислува падови каде што има раст, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

691

Венко Филипче, министерот кој ја остави државата без лекови и граѓаните без здравствен систем, сега се обидува да ја третира реалноста со анкети по негова мерка – лажни, невалидни и политички наредени, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Повеќе од јасно е дека болката од катастрофалниот пораз сè уште го држи буден, па наместо да се соочи со вистината, си измислува падови каде што има раст. Ако има елементарна пристојност – каква што очигледно нема – Филипче треба да покаже барем една релевантна анкета каде СДСМ има повеќе од 6%. Само една. Без вашиот партиски анкетен софтвер, без вашите партиски портали и без вашиот кујнски штаб. Да видиме, дали постои барем едно истражување на јавноста кое ја потврдува фантазијата што ја продава Филипче овие денови? Вашите анкети покажуваа и пред изборите лани дека ќе победите и дека ќе формирате влада со сите албански партии, нудејќи им сè живо и диво на ДУИ. Оттука ги разбираме обидите на Филипче да ги раздвижи и мотивира и оние малкумина поддржувачи што ви преостанаа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Не се сомневаме ни дека истите анкетари кои ви ги правеа тие анкети денес се и политички советници кај Филипче, па мора да си ја оправдаат платата и да му сервираат секакви глупости, посочено е во соопштението.

„А тој, како неврохирург, го разбираме зошто се доведува во ситуација да им верува. Но, се ближат избори и повторно ќе се увери дека го лажат – или, пак, неговото членство, она што остана, ќе се увери дека тој ги лаже нив. Вистината е една – ВМРО-ДПМНЕ има стабилна поддршка, а СДСМ продолжува да биде во слободен пад и со празни митинзи. Народот не заборава: здравствениот криминал, тендерите и неспособноста се синоними за времето на Филипче и Заев. Времето на лагите помина. СДСМ и нивните анкетари остануваат длабоко во минатото“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини