7-ГОДИШНО ДЕТЕ ЈА ПРЕГАЗИЛО СЕСТРА СИ СО АВТОМОБИЛ Од мало невнимание до голема повреда

Според пријавеното, во дворот од семејната куќа 7-годишно дете случајно го стартувал возилото со клучот кој бил на бравата и ја прегазил ногата на 10-годишното девојче, соопшти полицијата.

577

Седумгодишно дете вчера ја прегазило сестра си со автомобил. Девојчето е тешко повредено, соопшти полицијата.

„На 5.5.2025 во 18.55 часот во Полициската станица Прилеп, од Општата болница било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 10-годишна малолетничка од од село Алданци, Крушевско. Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот 7-годишен брат случајно го стартувал возилото форд галакси, со клучот кој бил на бравата и ја прегазил ногата на девојчето“, соопшти полицијата.






Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Поврзани содржини