📷 ШТО БАРА ЛИДЕРОТ НА СДСМ ВО ДРУШТВО СО УЖИВАТЕЛИ НА ДРОГА? Манасиевски објави слики од Филипче и Андон Стојков
Ова е Андон Стојков во друштво на Венко Филипче. Од фотографијата се гледа дека истата не е случајна, ниту пак дел од некој масовен настан, па да се рече дека Филипче не знаел со кого се фотографира. Ова е фотографија на Андон Стојков со Зоран Заев, во пријателска атмосфера на заедничка забава, реагира Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче е опкружен со криминалци и уживатели на дрога, тврди Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМН. Манасиевски од партиската говорница објави фотографии од Филипче и екс-лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со Андон Стојков, екс-лидерот на младината на СДСМ во Струмица кој неодамна беше фатен со дрога во Штип.
„Венко Филипче е опкружен со криминалци и уживатели на дрога. Ова е Андон Стојков, кој пред два дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога. Андон Стојков е поранешен претседател на СДММ Струмица и важи за близок човек до Зоран Заев и Венко Филипче.
Ова е Андон Стојков во друштво на Венко Филипче. Од фотографијата се гледа дека истата не е случајна, ниту пак дел од некој масовен настан, па да се рече дека Филипче не знаел со кого се фотографира.
Ова е фотографија на Андон Стојков со Зоран Заев, во пријателска атмосфера на заедничка забава.

Почитувани, со вакви луѓе е опкружен Венко Филипче, луѓе на Заев, криминалци и уживатели на дрога. Е, ова е СДСМ. Го прашуваме Венко Филипче со уште колку криминалци е опкружен? И што тој има заедничко со нив?“, обвини Манасиевски.