УКРАИНА НЕМА ДА ИМ ВРАЌА ПАРИ НА САД Клучни точки од договорот за ретки минерали

Договорот не го спречува пристапувањето на Украина во Европската Унија. Американската воена помош е повторно на маса. САД можат да се повлечат во секое време, а профитот од првите 10 години ќе биде реинвестиран во Украина.

358

САД и Украина го потпишаа договорот за ретки минерали, во кој, според Би-Би-Си, клучните точки вклучуваат дека Киев нема да мора да враќа никаков долг кон Вашингтон, дека САД користат поостар тон кон Русија, а договорот вклучува и проекти поврзани со нафта и со гас.

Исто така, договорот не го спречува пристапувањето на Украина во Европската Унија. Американската воена помош е повторно на маса. САД можат да се повлечат во секое време, а профитот од првите 10 години ќе биде реинвестиран во Украина.






Американскиот претседател Доналд Трамп претходно побара од Украина да врати 350 милијарди долари, колку што, според неговите тврдења, изнесува воената и финансиската помош од САД за Украина од почетокот на војната, што украинскиот претседател Володимир Зеленски го одби.

Сепак, Вашингтон попушти, а украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека договорот не предвидува никаква обврска за враќање на „наводниот долг“.

Американската администрација употреби многу поостра реторика кон Русија, отколку што беше случај досега во изјавите на владата на Трамп.

Во соопштението на Министерството за финансии на САД се наведува дека станува збор за „тотална руска инвазија врз Украина“ и се додава дека ниедна земја или поединец што ја финансирал или снабдувал руската воена машинерија нема да има право да учествува во обновата на Украина.

Иако во јавноста најмногу се зборува за минералното богатство на Украина, договорот вклучува и нови проекти поврзани со нафтата и гасот и со сродната инфраструктура.

Во сите случаи, сопственоста на ресурсите останува украинска, иако САД ќе имаат заеднички пристап.

Покрај тоа, постоеја стравувања дека договорот со Вашингтон би можел да го отежни пристапот на Украина кон ЕУ, но во текстот на договорот се наведува дека САД ја признаваат намерата на Украина да се приклучи кон ЕУ и дека оваа цел не смее да биде доведена во прашање со овој договор.

Договорот е формулиран на начин како предуслов за продолжување на американската воена помош за Украина.

Таа е условена исклучиво од економските компоненти на договорот, поради што сè уште постои одредена неизвесност кога станува збор за поддршката на Украина од нејзиниот клучен сојузник.

Според договорот, во првите 10 години од работењето на фондот за обнова, целата добивка ќе биде целосно реинвестирана во украинската економија.

Поврзани содржини