ПОЛИЦИЈАТА ГИ „ЧИСТИ“ ПАТИШТАТА ОД БРЗИ ВОЗАЧИ Во станица „приземјени“ двајца што „летале“ над 170 километри на час

Полицијата приведе двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење. Ќе добијат кривични пријави за делото Безобѕирно управување со моторно возило.

241

Полицијата приведе двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење.

„Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово вчера во 10 часот го лишиле од слобода А.Р.(19) од село Синичане поради пребрзо возење. На автопатот Скопје-Тетово тој управувал патничко возило „голф“, со тетовски регистерски таблици, со брзина од 171 километри на час, на место каде максимално дозволена брзина е 100 километри на час. Во 18 часот, пак, на патот Гостивар-Тетово, лишен од слобода е Б.А.(27) од Тетово, кој управувал патничко возило „бмв“, со странски регистарски таблици, со брзина од 173 километри на час, на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час“, соопшти МВР.






Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.

Поврзани содржини