ТАРАВАРИ НЕ Е ИЗБРКАН ОД ВРЕДИ, САМИОТ ОТИДЕ КАЈ ДУИ Касами категоричен дека секој што преговара со Ахмети е надвор од Вреди
Тој сам излезе. За да оди кај Али Ахмети и кај ДУИ. Мора да излезеш одовде, за да отидеш таму, вели претседателот на Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами.
Претседателот на Беса и градоначалник на Тетово Биљал Касами негира дека крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари е избркано од коалицијата Вреди. Касами вели дека Таравари самиот излегол од коалицијата и заминал кај ДУИ.
– Секој што оди кај ДУИ, за да соработува со ДУИ, излегува – рече Касами синоќа во гостување на ТВ21.
На прашањето да појасни дали Таравари своеволно ја напуштил коалицијта или бил избркан, Касами повтори дека тој самиот решил да излезе од Вреди.
– Не, излегол. Тој сам излезе. За да оди кај Али Ахмети и кај ДУИ. Мора да излезеш одовде, за да отидеш таму. Тој го прифати тоа (дека преговара со ДУИ). Го прифати – рече Касами.