ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД ФИЛИПЧЕ Во тандем со Заев ги понижи Македонците пред светот
Дали Венко Филипче е импресиониран од Зоран Заев и по начинот на кој Заев се пазареше со националните интереси, беше вклучен во скандали, афери, уцени, закани, криминал а регионалните медиуми известуваа за корупциските скандали на владата предводена од него, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче да си поднесе оставка, тој води партија синоним на предавства, неспособност и криминал, побара владејачката партија.
Дали Венко Филипче е импресиониран од Зоран Заев и по начинот на кој Заев се пазареше со националните интереси, беше вклучен во скандали, афери, уцени, закани, криминал а регионалните медиуми известуваа за корупциските скандали на владата предводена од него, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче кажа дека народот треба да учи од Заев и дека нема друг како него, дали Филипче всушност мисли на насловните страници во Италија како во случајот кога корупциските скандали во владата на Заев беа на насловните странци на весникот Ла Верита? Филипче го следи и е верна сенка на Заев, а од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени во регионот и во светот. Весникот Ла Верита излезе со наслов „Скандал во Скопје – Тендер за Леонардо: Цигани како нас“. Венко Филипче е воодушевен и ги користеше истите методи и начин на работа како Заев и додека беше министер за здравство. За таа генеза и принцип на дејствување исто така постојат меѓународни наслови. Ла Верита откри и друг скандал за владата на Заев, Кина го одбила Заев за вакцини бидејќи одел преку посредник фантом-фирма со седиште во Хонг Конг“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче учи од Заев негативно претставување и омаловажување на Македонија по регионалните медиуми и на меѓународна сцена. Такви вести објавуваа медиумите за скандалите на Филипче со вакцините во време на ковид кризата, се додава во соопштението.
„Италијанскиот весник Ла верита објави два документи со потпис на Филипче адресирани до кинеската компанија Синофарм. Едниот документ беше од 25 декември 2020 година, а вториот е од 25 јануари 2021 година. Во нив стои име на фирма од Хонг Конг, регистрирана во 2017 година, без медицинско и фармацевтско портфолио, која е претставена како посредник во набавката за вакцините. Филипче сака да дојде на власт за да биде ист како Заев, Филипче јавно им кажа на граѓаните дека е континуитет на политиките на Заев. Затоа граѓаните не му веруваат и рејтингот на анкетите му е во слободен пад. СДСМ е синоним за неспособност, предавства и криминал“, соопшти владејачката ВМРО-ДПМНЕ.