РАБОТНИЦИТЕ СЕ ТЕМЕЛОТ НА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА Првомајска честитка од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го оддава заслуженото признание на сите работници. Честит празник, се вели во честитката од партијата на власт.

38

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија, се вели во првомајската честитка од владејачката партија.

„ВМРО-ДПМНЕ им го честита Меѓународниот ден на трудот на сите граѓани. Овој ден е симбол на борбата за работничките права. ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на создавање нови економски политики, кои ќе овозможат отворање нови работни места, подобар стандард и креирање општество во кое секој граѓанин ќе има можност за напредок и просперитет“, се вели во честитката.






Нека овој ден биде поттик за сите, за продолжување на заложбите кон градење посилна поправедна и поуспешна Македонија, порачува партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ го оддава заслуженото признание на сите работници. Нивната посветеност труд и истрајност се темелот врз кој се гради иднината на Македонија. Честит празник“, се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини