ЌЕ ЈА ВРАТИМЕ ЧЕСТА НА СИСТЕМОТ, ПОРАЧА ЈАНЕВ Откриени корумпирани лекари и измамници кои злоупотребувале државна помош

„Парите кои требаше да завршат кај вистински загрозените категории на граѓани, завршувале кај измамници и членови на оваа мрежа кои се збогатувале на наша сметка. Ова е неприфатливо“, рече директорот на БЈБ.

1,163

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, информираше дека во текот на вчерашниот ден е успешно реализиран нов случај што открива сериозно коруптивно и несовесно работење од страна на лица вработени во здравствениот сектор и други приватни дејности.

– Откривме мрежа составена од поединци кои со години ја злоупотребувале јавната служба, без грам морал и достоинство. Со фалсификување документи, дијагнози, мислења и вештачења, овозможувале лица кои не ги исполнувале условите да добијат државна помош – истакна Јанев.






Според информациите од БЈБ, овие лица овозможувале незаконски пристап до парични средства за туѓа нега и инвалидски пензии, при што биле потрошени значајни средства од буџетот, кој се полни преку трудот и даноците на граѓаните.

– Парите кои требаше да завршат кај вистински загрозените категории на граѓани, завршувале кај измамници и членови на оваа мрежа кои се збогатувале на наша сметка. Ова е неприфатливо – додаде тој.

Јанев нагласи дека борбата против криминалот продолжува со несмален интензитет.

– Како прв човек на БЈБ, заедно со сите чесни полициски службеници, ја водиме оваа битка со јасна порака – криминалот не е исплатлив. Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот – порача Јанев.

Тој ја заврши изјавата со силна порака до граѓаните:

„Задача и должност ни е да ја вратиме довербата во институциите и честа на системот. Ќе продолжиме да ја чистиме државата од овие штетни појави и ќе обезбедиме сигурна и правична иднина за сите.“

Поврзани содржини