ПУТИН Е СПРЕМЕН ДА ГО РАЗГЛЕДА ПРЕДЛОГОТ НА ЗЕЛЕНСКИ Дали ќе има прекин на нападите врз цивилната инфраструктура?
Кога станува збор за цивилна инфраструктура, потребно е јасно да се утврди во какви ситуации тие објекти можат да се сметаат за легитимна воена цел, а кога не, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој ја пренесе и изјавата на претседателот на Русија, Владимир Путин, според која цивилен објект може да биде воена цел доколку во него се наоѓаат непријателски борци.
Русија е подготвена да го разгледа предлогот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура, изјави денеска портпарлот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека во моментот нема конкретни планови за разговори помеѓу Русија и Украина.
Зеленски вчера изјави дека Украина е подготвена за секаква форма на дискусии за да се стави крај на нападите врз цивилни објекти.
– Украина продолжува да го одржува својот предлог да не се напаѓа барем цивилните цели. И очекуваме јасен одговор од Москва – посочи вчера Зеленски.
Песков наведе дека Путин вчера се осврнал на сложеноста на темата цивилни цели.
– Односно, кога зборуваме за цивилни инфраструктурни објекти, мора јасно да разликуваме под кои околности овие објекти можат да бидат воена цел, а под кои околности не можат – посочи Песков, цитирајќи ја изјавата на Путин дека цивилен објект може да биде воена цел доколку таму има непријателски борци.
Путин пред Велигден прогласи 30-часовниот прекин на огнот. Но, Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за постојано кршење на велигденскиот прекин на огнот и за непочитување на мораториумот на нападите на енергетската инфраструктура, договорен со американско посредство минатиот месец.
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ОДГОВОР ОД ПУТИН Предлогот за ненапаѓање на цивилната инфраструктура виси во воздухот