ЌЕ ВРНЕ И ЌЕ ГРМИ ОД УТРЕ ДО ПЕТОК Претпладне пријатно сончево и топло, попладне ветер и громови

Утре попладне во западните и во крајните источни делови од Македонија ќе има развој на нестабилна облачност, со локален дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

2,595

Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне во западните и во крајните источни делови од Македонија ќе има развој на нестабилна облачност, со локален дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.






Најстудено ќе биде во Маврово и во Берово, со утринска температура до 4 степени. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија, со температура до 27 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност.

Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе се искачи до 27 степни.

И во следните денови времето ќе биде нестабилно и топло.

Во вторник во претпладневните часови времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и со грмежи.

Од среда на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи.

Фото: УХМР
Поврзани содржини