ВРЕДИ ОД КОАЛИЦИЈА ЌЕ СТАНЕ ПАРТИЈА Процесот ќе почe овие денови
Не е важно кој ќе биде претседател на партијата. Успехот на проектот е поважен од поединечните позиции, вели првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити.
Од коалицијата Вреди ќе произлезе нов политички субјект на македонската политичка сцена. Наредната недела ќе почнуат процедурите за создавање на таа нова политичка партија, најави првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, Изет Меџити.
Вицепремиерот Меџити, во интервју во емисијата „ПодГо“ на Телеграфи Македонија на албански јазик, информира дека новата партија ќе има заеднички штаб, информативен центар, заеднички кандидати, заедничка програма и листи на заеднички советници на претстојните локални избори.
Тој додаде дека имињата на кандидатите за градоначалници на престојните избори сè уште не се дефинирани.
Меџити истакна дека сè уште не дефинирале кој ќе биде претседател на партијата. Според него, тоа не претставува проблем, бидејќи главната цел е обединување и подобра организација пред локалните избори.
– Јавно можам да кажам дека ги читам гласачите кои бараат спојување на Вреди во еден субјект… Ниту сум тврдел, ниту тврдам дека сум лидер на Вреди. Ме интересира концептот. Не е важно кој ќе биде претседател. Успехот на проектот е поважен од поединечните позиции – изјави Меџити.