📷 АНА ИВАНОВИЌ СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ПО ГЛАСИНИТЕ ЗА РАЗВОДОТ Нејзините фотки кажуваат повеќе од 1.000 зборови

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ сподели фотографии на Инстаграм и покажа дека ужива, игнорирајќи ги насловите кои ја следат последните денови.

681

Заврши љубовната приказна на поранешната тенисерка Ана Ивановиќ и на поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Отстранувањето на бурмите беше моментот кој го потврди пишувањето на германските медиуми дека славната двојка раскинала на почетокот на годината.






Деновиве и двајцата се активни на социјалните мрежи, па фановите внимателно го следат секој детаљ што може да се најде кај Ана или кај Бастијан.

Сега во центарот на вниманието беше Ивановиќ и нејзината последна објава. Ана сподели фотографии на Инстаграм и покажа дека ужива, игнорирајќи ги насловите кои ја следат последните денови.

„Зајдисонца, денови на плажа и тениски сесии“, навела Ана во описот на своите фотографии на Инстаграм.

Иако на фотографиите го нема Бастијан, многумина протолкуваа дека со ова сакала да покаже дека кај неа сѐ е во совршен ред. Насмеаното лице на Ана на фотографиите зборува дека е сосема задоволна и исполнета.

Ана и Бастијан со години важеа за еден од најхармоничните јавни парови и затоа многумина беа изненадени кога ја прочитаа веста за нивната разделба, а сега, меѓу другото, и врската што поранешниот фудбалер ја има со Естер Седлачек, популарна водителка…

Секако, се очекува во наредните денови Ивановиќ и Швајнштајгер да излезат со јавен оглас на оваа тема за нивниот развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Поврзани содржини