ПРОНАЈДЕНИ ТРИТЕ ИСЧЕЗНАТИ ДЕВОЈЧИЊА Полицијата ги пронајде децата во близина на Ќерамидница

Исчезнувањето вчера го пријави 75-годишно лице од скопска Ќерамидница вчера во 15:15 часот.

12,698

Трите малолетни девојчиња кои вчера беа пријавени за исчезнати се пронајдени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Девојчињата биле пронајдени во близина на местото каде што биле пријавени за исчезнати.






75-годишно лице од скопска Ќерамидница вчера во 15:15 часот, пријавил исчезнување на неговите три малолетни внуки.

„На 17.04.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.А.(75) Скопје пријавил дека од семејниот дом од населба Ќерамидница се оддалечиче неговите три внуки – К.М.(15), В.М. и И.М.“, соопшти МВР.

Поврзани содржини