ПАДНАЛ ОД СЛУЖБЕНИОТ КАМИОН И ЗАВРШИЛ СО СКРШЕНИЦИ Тешко повреден вработен во „Нискоградба“ во Битола

Како што информираат од СВР Битола, несреќата се случила околу 08:15 часот на улицата „Крсте Нале“ во Битола. Товарното возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки било управувано од 44-годишниот В.Ј., исто така вработен во „Нискоградба“.

565

55-годишниот Н.С. од Битола, вработен во КЈП „Нискоградба“, се здобил со тешки телесни повреди откако во утринските часови на 16 април паднал од товарно возило на претпријатието, додека се превезувал на него.

Како што информираат од СВР Битола, несреќата се случила околу 08:15 часот на улицата „Крсте Нале“ во Битола. Товарното возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки било управувано од 44-годишниот В.Ј., исто така вработен во „Нискоградба“.






Во моментот кога возилото било во движење, од него паднал Н.С., кој се превезувал на каросеријата. Итно бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

„Извршен е увид на местото на несреќата, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопштија од СВР Битола.

Се очекува истрагата да утврди како дошло до падот и дали се почитувале безбедносните протоколи при транспортот на работниците.

 

Поврзани содржини