КАКО ГО ПРЕФРЛИ АСАД СВОЕТО БОГАТСТВО ВО МОСКВА? Откриена операцијата со која биле изнесувани пари, предмети и доверливи документи

Меѓу работите имало и документи, лаптопи и хард дискови со клучни разузнавачки информации за „Групата“, кодното име што го користат Асад и соработниците за сложена мрежа на субјекти што вклучува бизниси за  телекомуникации, банкарство, недвижнини, енергетика и друго, пишува Ројтерс.

1,296

Авион кој четирипати летал од Сирија до Обединетите Американски Емирати во рок од 48 часа пренел најголем дел од богатството на поранешниот претседател на Сирија Башар ал Асад кое потоа завршило во Москва, пишува Ројтерс.

Асад доби азил во Москва по падот на неговата влада која ја презедоа бунтовниците. Тој побегна на 8 декември по 24-годишно владеење.






Операцијата за пренесување на богатството во црни кеси во кои имало најмалку половина милион долари ја раководел неговиот долгогодишен економски советник Јасар Ибрахим. Ибрахим го осигурал авионот „Embraer Legacy 600“ со кој префрлал вредни предмети од Дамаск во Емиратите.

Последниот од овие летови тргна од руската база Хмеимим, од која Асад побегна во Русија неколку часа подоцна, пред бунтовниците кои влегоа во сириската престолнина.

Меѓу работите имало и документи, лаптопи и хард дискови со клучни разузнавачки информации за „Групата“, кодното име што го користат Асад и соработниците за сложена мрежа на субјекти што вклучува бизниси за  телекомуникации, банкарство, недвижнини, енергетика и друго, пишува Ројтерс.

Авионот C5-SKY секој пат летал до аеродромот Ал Батин во Абу Даби, кој го користат државници и познат по своите строги правила за приватност. Секогаш кога ќе слетал, автомобилите брзале кон авионот, кратко се задржувале и заминуваа непосредно пред авионот повторно да полета, изјави извор за Ројтерс.

Во последните денови од владеењето на Асад, неговите движења биле скриени дури и од неговите најблиски членови на семејството.

 

Поврзани содржини