МЕДВЕДЕВ СО КОНТРОВЕРЗНА ИЗЈАВА ЈА КОМЕНТИРА СРЕДБАТА НА ВОЛНИТЕ За екс-претседателот на Русија украинската делегација е „банда“
Наводно, врвот на украинската фашистичка банда пристигнал во Париз на преговори со Велика Британија, Германија и Франција за тоа колку европски ковчези ќе бидат подготвени да прифатат по внесувањето на трупите во 'коалицијата на подготвените' во Украина, напиша заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедностна платформата Икс на англиски јазик.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев денеска изјави дека „врвот на фашистичката банда“ на Украина пристигнал во Париз на преговори за, како што вели, колку од нејзините ковчези Европа ќе биде подготвена да прифати по воведувањето на „коалицијата на волните“ во Украина.
„Наводно, врвот на украинската фашистичка банда пристигнал во Париз на преговори со Велика Британија, Германија и Франција за тоа колку европски ковчези ќе бидат подготвени да прифатат по внесувањето на трупите во ‘коалицијата на подготвените’ во Украина“, напиша Медведев на платформата Икс на англиски јазик.
Apparently, the top of Ukraine’s fascist clique have come to Paris for talks with the UK, Germany and France on how many European coffins they will be ready to accept after the deployment of the troops of the “coalition of the willing” in Ukraine
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) April 17, 2025
Претходно, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, објави дека тој пристигнал во Париз, каде планира да се сретне со претставници на САД.
Кремљ соопшти дека денешната средба меѓу САД, Украина и европските земји во Париз е можност американскиот пратеник Стив Виткоф да ги информира Европејците за моменталниот статус на мировните преговори во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, и Виткоф имале долг разговор минатата недела.