И НАТАМУ 5 ДЕНАРИ ДНЕВНО ЗА ТЕРАСА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Одбиена иницијативата за враќање на цената од 15 денари за квадарат
Сегашната цена од 5 денари на квадрат значи дека еден угостител кој поставил тераса од 20 квадрати на Плоштад Македонија, покрај Кеј, или на булеварите низ центарот, месечно плаќа само 3.000 денари (околу 50 евра). За 100 квадратни метри, таксата изнесува 15.000 денари месечно (околу 250 евра).
Сопствениците на угостителски објекти во Скопје и понатаму ќе плаќаат само 5 денари дневно по квадратен метар за користење на јавен простор пред своите локали, откако Советот на Град Скопје денеска не го прифати предлогот за враќање на старата цена од 15 денари, која важеше пред пандемијата со коронавирусот.
Предлогот за измена на Одлуката за комунални такси, со кој се бараше тарифата да се врати на нивото од 2020 година, беше поднесен од Град Скопје, но не доби поддршка од мнозинството советници.
Сегашната цена од 5 денари на квадрат значи дека еден угостител кој поставил тераса од 20 квадрати на Плоштад Македонија, покрај Кеј, или на булеварите низ центарот, месечно плаќа само 3.000 денари (околу 50 евра). За 100 квадратни метри, таксата изнесува 15.000 денари месечно (околу 250 евра).
Во споредба, угостителите чии објекти се наоѓаат на локални, општински улици, плаќаат повисоки такси – од 8 до 15 денари за квадратен метар, во зависност од одлуките на советите на општините.
Советникот од СДСМ, Гордан Шутаров, објасни дека неговата советничка група не ја поддржала иницијативата поради лошиот тајминг и отсуство на долгорочна визија.
– Поминати се години од коронавирусот, а сега, пред крај на мандатот, се предлага зголемување. Нема ни траен отпис на застарени такси, а 5 денари се уште се во рамки на законската тарифа – изјави Шутаров.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии не дадоа образложение зошто се против измените. Предлогот доби поддршка само од неколкумина.
Од Град Скопје образложија дека враќањето на тарифата има за цел воспоставување еднаквост меѓу угостителите, бидејќи цените на комуналните такси на општинско ниво останале непроменети и повисоки од тие што ги наплатува Градот.