МИЦКОСКИ НА СРЕДБИ СО ШЕИЦИ И СО БИЗНИСМЕНИ ВО ЕМИРАТИТЕ Во потрага по инвеститори во Дубаи и во Абу Даби

Премиерот Мицкоски и владината делегација ќе остварат средби со претседателот, потпретседателот и со премиерот на Обединетите Aрапски Eмирати, но и со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната Мубала инвестициска компанија, како и со државната енергетска компанија Масдар, информира Владата.

288

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска, 14 април, е во работна посета на Обединетите Арапски Емирати, информираше Владата. Владината делегација составена од неколку министри заедно со премиерот ќе се сретнат со претседателот на ОАЕ воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, Н. В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чијашто покана и се остварува оваа посета.

„Премиерот Мицкоски и владината делегација ќе остварат средба и со Н. В. Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ. Ќе биде остварена средба и со Н.В. Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел со Дубаи, потпретседател и премиер на ОАЕ“, се вели во владиното соопштение.






Во делегацијата се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, генералниот секретар на Влада Игор Јанушев, како и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Гоце Димовски, националниот координатор за туризам Аккан Махмут и претставници на неколку државни институции..

„За време на посетата, планирани се повеќе средби на највисоко ниво, како и средби со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната Мубала инвестициска компанија, како и Масдар државната енергетска компанија, како и средби со неколку стопански комори, со цел разгледување на можности за соработка во инфраструктурни проекти, инвестиции во агро-бизнисот, обновливи извори на енергија, туризмот, иновации и современа технологија“, соопшти Владата.

Поврзани содржини