ПРИВЕДЕН Е БЕГАЛЕЦ ОД ЗАТВОРОТ ВО ИДРИЗОВО 35-годишник уапсен во Тетово

Ф.С. бил осуден на шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и 396 од КЗ, а за доиздржување имал една година, 10 месеци и 6 дена. Тој бил спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на казната, информира МВР.

100

Во Тетово во вторникот, 1 април, бил приведен бегалец од затвор и е спроведен  во КПУ Идризово за доиздржување на казна од година и шест месеци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 16.30 часот на улица 168 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово,  врз основа на судска наредба, го привеле Ф.С.(35) од Тетово, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.






„Ф.С. бил осуден на шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и 396 од КЗ, а за доиздржување имал една година, 10 месеци и 6 дена. Тој бил спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на казната“, информира МВР

Поврзани содржини