ПАЛЕВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД СВЕДОКОТ СО КОЈ ЧЕКАЛ РЕД ВО БАНКА Судијата сакаше стражарно да го приведе откако одбил да дојде да сведочи
Судијата Ивица Стефановски рече дека Панчевски ја одбил поканата која уредно му е доставена за да сведочи денеска, па затоа на некое од наредните рочишта ќе го приведе за да сведочи. Кога слушна дека неговиот сведок стражарно ќе биде приведен на суд, Палевски рече дека се откажува од барањето тој да сведочи.
Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за киднапирањата и за суровите убиства на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски на денешното рочиште се откажа од барањето да се повика да сведочи извесен професор Мартин Панчевски, со кој тој наводно чекал ред во банка на 27 ноември 2023 година, денот кога е убиена Вања.
Судијата Ивица Стефановски рече дека Панчевски ја одбил поканата која уредно му е доставена за да сведочи денеска, па затоа на некое од наредните рочишта ќе го приведе за да сведочи. Кога слушна дека неговиот сведок стражарно ќе биде приведен на суд, Палевски рече дека се откажува од барањето тој да сведочи.
Судијата Стефановски рече дека судскиот доставувач го известил дека поканата за сведочење уредно му ја однел на сведокот, но тој се однесувал агресивно и не сакал да ја прими, па затоа му ја оставил непотпишана во поштенското сандаче.
Овој сведок требаше да му даде алиби на Палевски за дел од претпладнето на 27 ноември 2023 година. Според Палевски, тој утрото разговарал преку телеграм со член на партијата, а потоа околу 10.30 отишол до банка, каде долго чекал ред и ја изврил уплатата во 11.44 часот. Додека чекал, стоел со Панчевски и разговарале.
На барање на одбраната на Палевски судијата Стефановски на едно од минатите рочишта рече дека ќе се обиде да ги прибави снимките од видеонадзорот во банката на критичниот ден во периодот од 9 до 12 часот.