ГО РОДИЛА ДЕСЕТТОТО ДЕТЕ НА 66-ГОДИШНА ВОЗРАСТ „Се хранам здраво, никогаш не сум користела контрацепција“
Директорката на приватниот музеј „Checkpoint Charlie“ во Берлин, Александра Хилдебрант, го родила своето десетто дете на 66 години. Вкупно осум од децата родила по 53-тата. Има и две возрасни деца и не користела репродуктивни технологии за зачнување.
Шеесет и шестгодишната директорка на приватниот музеј „Чекпоинт Чарли“ (Checkpoint Charlie) во централен Берлин го роди своето десетто дете, јавува германската новинска агенција ДПА. Александра Хилдебрант потврдила дека нејзиниот син се родил со царски рез минатата среда.
Хилдебрант изјавила за весникот „Билд“ дека родила осум деца откако наполнила 53 години. Таа има и две возрасни деца. Хилдебрант отсекогаш сакала да има големо семејство и вели дека сака да ги охрабри луѓето да имаат повеќе деца. Таа истакнува дека не користела репродуктивни технологии за зачнување.
„Се хранам многу здраво, пливам редовно по еден час, пешачам по два часа, не пушам и не пијам и никогаш не сум користела контрацепција“, изјавува таа за „Билд“.
Прочитајте повеќе ТУКА.