ВРНЕЖЛИВО И РЕЛАТИВНО ТОПЛО Ќе врне до крајот на месецот

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 km/h), особено од четврток.

646

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно каде врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 6 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.






Под влијание на циклонска активност до крајот на месецов времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), особено од четврток.

Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 l/m2).

Поврзани содржини