📽 КОЈ ЈА ГАЃАШЕ ГАСОВОДНАТА СТАНИЦА ВО СУЏА? Уништена и втората точка за транзит на руски гас кон Европа

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека „силите на (рускиот претседател Владимир) Путин извршија артилериски напад врз мерна станица за гас во рускиот регион Курск за да ја обвинат Украина за тоа“.

769

Огнена топка се издигна на небото над Суџа во петокот наутро. Украинската војска на Телеграм објави снимка и соопшти дека бил извршен напад врз неодамна затворената пумпа за гасоводот и мерната станица во градот.

Гасоводот во Суџа беше користен за испорака на руски гас во Европа преку Украина.






„Медиумите известуваат за успешен напад на системот за транспорт на гас во Суја, кој непријателот го користел за испорака на гас во Европа“, се вели во објавата покрај видеото.

Ројтерс пренесува дека украинските сили веќе 7 месеци се под притисок во Суџа, клучниот град во Курск, кој Русите го освоија откако претходно руски специјални сили се криеја во гасоводната цевка.

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека „силите на (рускиот претседател Владимир) Путин извршија артилериски напад врз мерна станица за гас во рускиот регион Курск за да ја обвинат Украина за тоа“.

Украина во јануари одби да врши испорака на руски гас кон Европа преку гасоводот во Суџа. Другиот премин за руски гас за Европа во Украина беше затворен претходно во 2022 година.

 

Руските воени блогери велат дека веруваат дека украинските сили го извршиле нападот. Каналот База Телеграм, близок до руските безбедносни служби, објави дека гасоводот е оштетен.

Во меѓувреме регионалните власти на рускиот регион Краснодар соопштија дека експлозија одекнала во складиште за нафта во регионот додека пожарникарите се обидуваа да го изгаснат пожарот што избувна по нападот со украински дрон претходно оваа недела.

– За време на гаснењето, поради намалување на притисокот во запалениот резервоар, дојде до експлозија на нафтени деривати и испуштање нафта, се вели во соопштение објавено на Телеграм. Пожарот се проширил на втор резервоар, а површината зафатена од пламен сега е 10.000 квадратни метри, што е повеќе од двојно од првичната површина.

 

Украина и Русија во последните недели меѓусебно се обвинуваат за напади врз енергетската мрежа. Меѓусебните напади доаѓаат во очи на засилената дипломатска активност на САД и предлогот на Вашингтон за 30-дневно примирје.

Двете страни изразија одредена спремност да разговараат за можното примирје.

Суџа беше еден од првите градови заземени од украинските сили во масовната прекугранична офанзива минатиот август. Украинските сили држеа големи делови од регионот, но руските сили вратија територии во последниве недели, а војската на Москва минатата недела соопшти дека ја вратила Суџа.

Поврзани содржини