„ПО РАЗВОДОТ ЈА НАУЧИВ ЛЕКЦИЈАТА, СЕГА ЌЕ ИЗБИРАМ ПОПАМЕТНО!“ Нина Бадриќ си ја отвори душата за љубовниот живот
Бадриќ во интервјуто за српски „Курир“ отворено зборуваше и за концертот, но и за теми поврзани со нејзиниот живот. Имено, пејачката искрено проговори за својот љубовен живот.
Хрватската пејачка Нина Бадриќ се подготвува за претстојниот концерт во Белград, кој ќе се одржи на 12 април. Бадриќ во интервјуто за српски „Курир“ отворено зборуваше и за концертот, но и за теми поврзани со нејзиниот живот. Имено, пејачката искрено проговори за својот љубовен живот.
Иако се труди својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, Бадриќ во текот на интервјуто покрај настапот пред белградската публика се осврна и на љубовта и откри како стои на емотивен план.
„Што се однесува до додворувачите, ги има. Секогаш ги има. Не се жалам за тоа, но проблемот не е во тоа дали некому му се допаѓам, туку дали некој мене ми се допаѓа. Мене не ми требаат повторувања на некои лоши искуства“, изјавила 52-годишната пејачка за српски „Курир“.
Таа се присетила и на својот развод од поранешниот сопруг Бернард Красниќ, со кого беше заедно од 2006 до 2012 година.
„Без разлика каков беше бракот, секој развод е тежок. Не би посакала за себе некакви средби кои не се искрени. Ја научив лекцијата, па овојпат ќе избирам попретпазливо. Не знам каков тип би бил тој што мене би ми се допаднал. Физичкиот изглед не е важен. Сакам обичен човек. Мора да има страст и хемија, тоа ми е многу важно. А од него очекувам да ми биде најдобар пријател. Не сакаш да го изневериш, сакаш да го сочуваш, да биде секогаш тука. страста и вљубувањето не играат голема улога кај мене“, рекла Нина.
За потсетување, деветгодишната љубов и тригодишниот брак на Нина Бадриќ и Бернард Красниќ заврши во 2009 година без никакви претерани изјави за медиумите. Се шпекулираше дека со месеци се обидувале да го спасат бракот, но безуспешно, а според многумина пресудна била разликата во годините.