НИШ ВЕЧЕРВА ЌЕ ПОТОНЕ ВО 75-МИНУТНА ТИШИНА Во чест на настраданите во трагедијата во Кочани
Неформалната група студенти на Универзитетот во Ниш соопшти дека поради тоа што денеска во Србија е Ден на жалост за загинатите во Северна Македонија, вечерва во 19 часот и 10 минути нема да има протести за бучава поради наводна употреба на „звучен топ“ на протестот во Белград во саботата.
Студентите од Универзитетот во Ниш ги повикаа граѓаните да се соберат на градскиот плоштад вечерва во 20 часот за да оддадат почит на 75-те лица кои загинаа во падот на бетонската настрешни во Нови Сад и пожарот во Кочани во неделата, јави МИА.
Тој собир е во знак на поддршка и за студентите од Нови Сад кои, како што рекоа, синоќа врз нив била употребена физичка сила од полицијата при блокирањето на влезовите во Собранието на Нови Сад.
Неформалната група студенти на Универзитетот во Ниш соопшти дека поради тоа што денеска во Србија е Ден на жалост за загинатите во Северна Македонија, вечерва во 19 часот и 10 минути нема да има протести за бучава поради наводна употреба на „звучен топ“ на протестот во Белград во саботата.
Граѓаните синоќа околу десетина минути правеа врева со свирежи, вувузели и удирање во тенџериња и беше најавено дека ќе продолжат и во наредните денови.