ВО БЕЛГРАД СЕ ЛЕКУВААТ 12 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ На ВМА се три девојки и едно момче

Синоќа на клиники во Белград беа примени 12 повредни лица од Кочани кои исто така беа пренесени во главниот град на Србија со авион на српските ВВС. 

187

Дванаесет повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани се префлени попладнево во главниот град на Србија со воен авион на српската армија, јави МИА од Белград.

Четворица од нив се на Воено-медицинската академија во Белград. Таму се три девојки и едно момче кои според првичните сознанија се во стабилна состојба. Префрлени се Клиниката за пластична хирургија.






Останатите се префрлени во Ургентниот центар во Белград.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица.

Синоќа на клиники во Белград беа примени 12 повредни лица од Кочани кои исто така беа пренесени во главниот град на Србија со авион на српските ВВС.

Во Србија утре е ден на жалост за трагедијата во Кочани.

Поврзани содржини