ФИЛИПЧЕ ПОВИКА ДА СЕ СЛЕДАТ СИГНАЛИ ЗА ПРЕЛЕВАЊЕ НЕКАКВИ КРИЗИ ОД СЕМЕЈСТВАТА „Ова не е време за политички пресметки, туку за единство и правда“
Лидерот на СДСМ ги уверува семејствата на повредените во пожарот во Кочани дека тие се одлично згрижени, дека се во добри раце и дека лекарите се борат за секој живот.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче порача дека нема да дозволи политизирање на трагедијата по пожарот во Кочани, но и дека нема да дозволи некој да биде поштеден.
-Потребно ни е единство, ова не е време за политички пресметки. Треба да покажеме човечност, јас ветувам дека како опозиција будно и интензивно ќе следиме дали овој процес оди во правилна насока. Апелирам безбедносните служби да пратат евентуални насоки, сигнали за прелевање на некакви кризи од семејствата, тоа на нашето мултикултурно и мултитничко општество не му е потребно. Трагедиите можат да уништат една нација, но и да ја зајакнат. Од нас зависи како ќе излеземе од сето ова – како држава што научила лекција и донела правда, или како општество што дозволило ова да се заборави – рече Филипче.
Тој ги уверува семејствата на повредените во пожарот во Кочани дека тие се одлично згрижени, дека се во добри раце и дека лекарите се борат за секој живот.
– Во текот на вчерашниот ден бев присутен на клиниката и таму се сретнав со дел од семејствата, со еден дел од нив поразговарав, тоа се дел од семејствата коишто имаат свои најбликси на лекување. Разговарав и со колегите, направивме стручни консултации. Ги видов напорите на колегите, видов како и тие сочувствуваат со болката на семејствата – рече Филипче.
Тој апелира до министерот за здравство Арбен Таравари да формира мобилни тимови од Клиниката за психијатрија кои ќе бидат на располагање на семејствата во Кочани.
– Ние сме денеска рането општество, довербата во институциите е срзоена. Ако сакаме таа доверба да ја вратиме мора да има целосна, транспарентна и објективна истрага. Никој не смее да биде поштеден – ниту актуелни, ниту поранешни функционери или службеници. Тоа не е прашање на политика, тоа е прашање на вистина и на правда. Трагедијата е преголема за да се дозволи сенка на сомнеж, затоа што ако постои и најмала индиција дека некој се штити, тоа ќе биде удар врз целото општество – рече Филипче и додаде истражните органи и обвинителството редовно да известуваат ако треба и два пати во денот за да се спречат шпекулации.
СДСМ го нуди целиот негов капацитет човечки и интелектуален да помогне во овој процес.