ПРАШАЈТЕ ГИ ШТО ЗНААТ, ШТО МИСЛАТ ЗА ТОА, КАКО СЕ ЧУВСТВУВААТ… МОН испрати совети за родителите по кочанската трагедија

Како родители, природно е да се чувствувате вознемирени и несигурни за тоа како да разговарате со вашите деца за кризната состојба на која моментално сме сведоци. Важно е да знаете дека децата се вртат кон своите родители за поддршка и за да се чувствуваат безбедно. Ова важи за сите деца, за малите, адолесцентите или дури и за младите возрасни, се вели во соопштението од МОН.

131

Министерството за образование и наука испрати совети за тоа како родителите треба да разговараат со децата и да им го објаснат трагичниот настан од дискотеката во Кочани, кадешто загинаа 59 лица. Овие совети МОН ги испратило до сите училишта, а тие преку Советите на родители, ги споделиле до сите што имаат школски деца.

Имено, во трагедијата беа жртви и деца на возраст од основно училиште, односно, од 14 години па нагоре, деца кои преку своите телефони веќе се информираат самите и сигурно е дека се во шок.






Како родител, природно е да се чувствувате вознемирени и несигурни како да разговарате со вашите деца за атуелната кризна состојба на која моментално сме сведоци.

Важно е да знаете дека децата се вртат кон своите родители/негуватели за поддршка и за да се чувствуваат безбедно. Ова важи за сите деца, без разлика дали се тоа мали деца, адолесценти или дури и млади возрасни.

Неколку кратки совети кои ќе им помогнат на вашите деца да се справат со последиците од трауматскиот настан, прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини