ЌЕ СЕ ПРОШИРУВААТ ГРОБИШТАТА ВО КОЧАНИ Загинатите во пожарот ќе се погребаат на посебно место, погребите ќе бидат бесплатни

Пред да поднесе оставка, градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов побарал да се донесат одлуки за проширување на градските гробишта, да се определи посебно место за починатите во пожарот, а гробните парцели и погребните услуги да бидат бесплатни.

1,902

Ќе се прошируаат гробиштата во Кочани, а загинатите кочанци во катастрогалниот пожар во дисотеката „Пулс“ ќе бидат погребани на посебно место на гробиштата.

Општина Кочани соопшти дека на колегиумот што се одржал утринава градоначалникот Љупчо Папазов им дал неколку препораки за преземање активности во наредниов период, пред да поднесе неотповиклива оставка.






„Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената 7-дневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и од спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот. Исто, да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП Водовод, соопшти Општина Кочани.

Во соработка со Брегалничката епархија и Црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ црковните обреди за покој на починатите нема да се наплаќаат, додаваат од Општината.

Градоначалникот Папазов иницирал и да се отвори донаторска сметка во соработка со Црвен крст Кочани, на која може да се примаат донации за повредените и настраданите.

Во врска со препораките на градоначалникот Папазов во оставка, наскоро ќе заседава Советот на Општина Кочани.

Поврзани содржини