📽 НА СЛАТКАР ЌЕ МУ ЗАГОРЧИ БИТКАТА СО БЕТМЕН Раперот што пееше да се смени името за евра, го обвини Богдан Илиевски дека ги „напикал браќата в затвор“

Неколку месеци откако Илиевски објави снимка со која го потсет раперот Слаткар дека ја избришал од Јутјуб неговата поранешна песна со Тони Зен, каде што се вели дека „не постои друга опција освен да се менува името“, раперот му се одмазди на телевискиот водител, со навредлив стих дека „браќата в затвор ги имаш напикано“. Слаткар алудира на настаните од 27 април. „Ова ќе ти излезе низ чмар, чмарко“, му порача Бетмен.

4,236

Познатиот новинар и телевизиски водител Богдан Илиевски (Бетмен Велит) жестоко му одговори на раперот Слаткар, кој го спомна Бетмен во неговата нова песна „Еуфорија“, со навредливиот стих „ти ќе збориш, море мочко еден, браќата в затвор ги имаш напикано“.

Илиевски му одговори на Слаткар велејќи дека стихот ќе му излезе „од кајшто не треба“.  Илиевски воедно објави и снимка, со која го потсетува раперот дека ја избришал од Јутјуб неговата поранешна песна со Тони Зен, каде што Слаткар вели дека „не постои друга опција освен да се менува името“.






„Слаткар ме ставил во уста, мислејќи дека сум лајно! Почестен сум! Инаку, ако некој се чуди зошто, во видеото подоле објаснив сè. Цела минута, можеби минута ипол, беше тема на муабет на илинденската епизода кај (Стефан) Лазаров, па после 6-7 месеци успеал да срочи 2 реченици за да ми врати за… ништото што го кажав контра него. Но, сеа веќе не е „ништо“. Не сум ја затворил устата, па ќе отворал глави јакиов. Ќе игнорирав, ама… стихот „браќата ги пикна у затвор“ ќе ти излезе низ чмар, чмарко“.

Избришаната нумера на Слаткар со Тони Зен се појави пред референдумот за промена на името во 2018 година.Слаткар рапува дека „ни фалат евра, тие што тука останаа, останаа без денар, никој не би сакал име да мења, али јебига друга опција нема, Егејците реална битка водат, пробувам да ја сфатам нивната болка, за нив темата е болна, но ние сме нова генерација, ова не е наша војна“.

Илиевски во илинденскиот поткаст со Лазаров минатото лето објасни дека не може да го сфати потегот на Слаткар поради некоја наводна „идеологија“, потстетувајќи на стихот на „ебати лебот кога го немаш идентитетот“ на легендарните Чиста Околина, кои имаат тврди ставови за националните прашања на Македонија.

Поврзани содржини