ОТКОРНАТИ И СКРШЕНИ КЛУПИ ВО ЖЕНА ПАРК Сите општини се соочуваат со вандализам

Редно време е ова да го спречиме и преку општокорисна работа на младите кои вандализираат да ги едуцираме за вредностите како одговорност и да ги почитуваат јавните простори - рече градоначалникот на Центар Горан Герасимовски. 

427

Откорнати и превртени клупи и расфрлано ѓубре беа фотографирани деновиве во Жена парк во центарот на Скопје.

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, по овој повод изјави дека се неопходни промени во системот.






– Неопходни се промени во системот, последниот случај со вандализам кај Жена парк – Борец е уште една потврда дека мораме да направиме итни измени во законите. Не е само Општина Центар, туку сите општини во државата се соочуваат со вандализам во кој се уништува урбана опрема, спортски и детски игралишта, се уништуваат јавните простори. Редно време е ова да го спречиме и преку општокорисна работа на младите кои вандализираат да ги едуцираме за вредностите како одговорност и да ги почитуваат јавните простори. Овие мерки во европските земји се покажале како ефикасни, верувам дека ќе вродат со плод и кај нас – рече Герасимовски.

Со иницијативата предложена од Општина Центар, а прифатена од ЗЕЛС и доставена до Владата се предвидува да се направат измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата. Овие измени се очекува да донесат позитивни резултати кај малолетните вандали.

Поврзани содржини