СКОПЈАНЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО НЕГОВИОТ ДОМ Го пронашол неговиот син

Лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

447

Скопјанец на возраст од 64 години бил пронајден починат во неговиот дом во скопската населба Кисела Вода од страна на неговиот син, соопшти МВР.

Како што наведуваат од МВР, вчера во 18.58 часот во СВР Скопје, Ј.С. пријавил дека во домот на подрачјето на Кисела Вода го пронашол починат неговиот татко Т.С.(64) од Скопје.






Лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Поврзани содржини