РЕШЕНИЕТО Е ДВЕ ДРЖАВИ – ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНА Шолц не го прифаќа предлогот на Трамп за раселување на Палестинците од Газа
Не смее да се потроши кревката надеж за мирот што сега е возможен, рече Шолц, мислејќи на неодамнешниот договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа во Египет или Јордан е „неприфатлив“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Сите планови за преместување, идејата дека граѓаните на Газа ќе бидат протерани од таму во Египет или во Јордан, се неприфатливи – рече Шолц.
Тој ја повтори својата поддршка за решение со две држави, Израел и Палестина, каде што Израелците и Палестинците ќе живеат мирно еден до друг. Шолц додаде дека палестинската управа мора да ја преземе одговорноста за Газа.
– Не смее да се потроши кревката надеж за мирот што сега е возможен – рече Шолц, мислејќи на неодамнешниот договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас.
Неколку милиони Палестинци веќе живеат во Јордан, а десетици илјади во Египет. Владите на двете земји го отфрлија предлогот на Трамп за раселување на Палестинците од Газа во Јордан и во Египет.
Германија е меѓу главните добавувачи на оружје на Израел. Извозот се зголеми за 10 пати во 2023 година, годината кога започна војната во Газа.