КОЈ Е НАЈЛОШИОТ ВИД НА СИРЕЊЕ? Топеното сирење е полно со натриум и заситени масти

Доколку се јадат често, преработените сирења може да предизвикаат дигестивни оштетувања, алергии и зголемен холестерол, тврдат експертите.

471

Ако одржувањето на здравјето на срцето е наш приоритет, важно е внимателно да ја избереме нашата исхрана. Според диететичарите и нутриционистите, одредени видови сирење може значително да влијаат на здравјето на срцето.

Сепак, тие издвоија еден вид сирење како најлош за здравјето на срцето. Станува збор за преработеното сирење.






„Преработените сирења, како топеното сирење, се полни со натриум и заситени масти, што може да го зголеми крвниот притисок и ризикот од мозочен и срцев удар“, предупредува регистрираната диететичарка Лори Вокер за She Finds.

Таа исто така забележува дека високиот внес на овие сирења може да го зголеми холестеролот поради заситените масти.

Натриумот, клучна состојка во овие сирења која се додава поради нивниот вкус и подолг рок на траење, исто така може сериозно да го загрози здравјето на срцето. Прекумерниот внес на натриум го зголемува крвниот притисок, што го зголемува ризикот од хипертензија и посериозни кардиоваскуларни проблеми, како што се мозочните удари.

Во рекламите што ги гледаме на телевизија, овој вид сирење ни е претставен како многу евтин, вкусен, па дури и оригинален, како производ кој е совршен за мачкање на кришка леб. Но, прашање е дали е тоа баш така.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини