НОВА КИНЕСКА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА МУ ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО НА ТРАМП DeepSeek станува попопуларна од ChatGPT?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека откривањето на DeepSeek, вештачка интелигенција од кинеска компанија, треба да биде повик за будење на американската индустрија бидејќи САД мора да продолжи со натпреварот за подобра технологија.

696

Претседателот на САД, Доналд Трамп, смета дека кинескиот старт-ап „Дип сик“ („DeepSeek“), кој тврди дека има предност пред американските ривали, треба да биде „повик за будење“ за американските компании за вештачка интелигенција.

„Дип сик“ наведува дека неговите модели со вештачка интелигенција се споредливи со оние на американските гиганти, како „Опен АИ“, кој стои зад „Чат ГПТ“ и за „Џемини“ на Гугл, но значително поевтини. Ова предизвика пад на разни американски акции, особено на производителот на чипови „Нвидиа“, кој забележа рекордна еднодневна загуба за која било компанија на Вол Стрит.






Сепак, Трамп верува дека успехот на кинеската компанија може да биде корисен за аспирациите на САД да развие вештачка интелигенција.

– Откривањето на „Дип сик“, вештачка интелигенција од кинеска компанија, треба да биде повик за будење за нашите индустрии на кои мора да бидеме ласерски фокусирани за да се натпреваруваме – изјави Трамп.

Тој укажа на способноста на „Дип сик“ да користи помалку ресурси.

– Го гледам тоа како позитивно, како предност… Нема да потрошите толку многу и ќе го добиете истиот резултат, се надевам – додаде тој.

Вчера, „Дип сик“ го надмина „Чат ГПТ“ во преземањата од продавницата за апликации на компанијата „Епл“.

Имаше загриженост дека „Дип сик“ може да ја поткопа инвестицијата од 500 милијарди долари на „Опен АИ“, „Оракл“ и „Софт бенк“ во „Старгејт“, нова компанија која ќе има за цел да развие инфраструктура за вештачка интелигенција во САД.

Додека им се обраќаше на републиканците во Мајами, Трамп остана оптимист. Тој рече дека кинеските лидери му рекле дека САД ги имаат најбрилијантните научници во светот. Тој посочи дека американските компании ќе ги следат трендовите доколку кинеската индустрија може да излезе со поевтина технологија за вештачка интелигенција.

– Значи, наместо да трошите милијарди и милијарди, ќе трошите помалку и ќе дојдете, се надевам, до истото решение – нагласи Трамп.

ТРАМП ОТВОРА „ЅВЕЗДЕНА ПОРТА“ ЗА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА 500 милијарди долари ќе бидат вбризгани за дата центри во САД

Поврзани содржини