БРУКА Е ШТО СДСМ Е ПРОТИВ КУПУВАЊЕ НОВ ДРЖАВЕН АВИОН Тој што го имаме е стар и често се расипува, реагираше ВМРО-ДПМНЕ
Авионот нема да биде употребуван за да се смируваат коалициите на партиите на власт, како што бевме сведоци во минатото, туку за користење на државниот врв за патување на службени патувања каде се претставува Македонија и каде што се штитат државните интереси, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Последиците што ги сносиме како држава со користење на моменталниот авион, кој не ги покрива потребите на државата и е од постар датум на производство, се големи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Сведоци сме дека низ историјата на државата, државните авиони биле користени за потребите на владата за патувања на владиниот врв, со цел безбедно и без дополнителни трошоци да се стигне до посакуваната дестинација. Како држава членка на НАТО доколку сакаме да биде сериозна држава, треба да имаме квалитетен воздухоплов. Моменталниот авион кој е во служба на Владата, често е во дефект и на поправки, а тоа ја чини државата. Државниот авион нема да биде на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак на СДСМ и ДУИ, туку ќе биде за потребите на државата. Тесноградоста на СДСМ и заслепеноста на Филипче, покажува дека не гледаат подалеку од партиското слепило на Бихаќка. Авионот нема да биде употребуван за да се смируваат коалициите на партиите на власт, како што бевме сведоци во минатото, туку за користење на државниот врв за патување на службени патувања каде се претставува Македонија и каде што се штитат државните интереси“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.