ДАЛИ НЕМИРНО СПИЕТЕ? Одредени типови на соништа се ран знак на деменција или Паркинсонова болест
Оние кои немирно спијат може да покажуваат рани знаци на деменција или Паркинсонова болест „во речиси сите случаи“, тврдат научниците.
Истражувањата долго време сугерираат дека луѓето кои страдаат од состојба позната во медицината како нарушување на однесувањето во РЕМ фазата на спиење (РБД) – при што поединците засилено ги преживуваат сонувите – имаат зголемено воспаление во областа на мозокот каде што се произведува допамин.
Познато е дека пациентите со Паркинсонова болест и деменција имаат намалени залихи на допамин бидејќи нервните клетки кои го произведуваат изумреле.
Анализа на соништата
Американските научници сега развија алгоритам напојуван со вештачка интелигенција за анализа на видео снимки од клинички тестови за спиење. Тие веруваат дека ова може да ја подобри точната дијагноза на нарушувањето, па дури и да се покаже корисно за идентификување на пациенти со поголем ризик од деменција и Паркинсонова болест, пишува Дејли Меил.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.