(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) АВТОМОБИЛ ВО БЕЛГРАД УДРИЛ ВО СТУДЕНТКА И ЈА НОСЕЛ НА ПОКРИВ Возачот продолжил да вози

Возачот со автомобилот се залетал кон тротоарот и удрил во студентката која се нашла на покривот на автомобилот поради силината на ударот. Возачот продолжил да вози со девојката на покривот, која потоа се лизнала и паднала на коловозот.

717

Возач на автомобил, со белградски регистерски таблички, во четвртокот удрил во студентка која стоела на тротоар на протест на раскрсницата на улиците Рузвелт и Краљица Марија во Белград, по што избегал од местото на настанот, објави РТС.

Возачот со автомобилот се залетал кон тротоарот и удрил во студентката која се нашла на покривот на автомобилот поради силината на ударот. Возачот продолжил да вози со девојката на покривот, која потоа се лизнала и паднала на коловозот.






Екипата за брза помош бргу пристигнала на местото на настанот.

Граѓани и студенти на Електротехничкиот, Правниот, Архитектонскиот, Машинскиот, Градежниот и на Технолошко-металуршкиот факултет денеска 15 минути ја блокираа раскрсницата на улиците Рузвелт и Краљица Марија за да им оддадат почит на жртвите од падот на настрешницата кај Железничката станица во Нови Сад.

Поврзани содржини