🎥 ИЗРАЕЛ И ХАМАС СИ ПОДАДОА РАКА, МОРА ТАКА, ИНАКУ ЌЕ ИМА НЕВОЛИ Трамп вели дека е можен договор до крајот на неделата

Доналд Трамп го смени начинот на кој ја опишува ситуацијата на Блискиот Исток, односно омекна неговата реторика. Претходно, тој тврдеше дека постои закана за „пекол“ на Блискиот Исток, но сега ситуацијата ја нарекува „невола“.

285

„Многу сме блиску до тоа да го завршиме тоа. Мора да го завршат тоа. Ако не го сторат тоа, ќе има многу неволи таму – многу проблеми какви што досега не виделе. Тие ќе го завршат тоа“.

Ова го изјави новоименуваниот американски претседател, Доналд Трамп, за време на интервјуто за мрежата Њузмекс, откако од него беше побарано да ја информира јавноста за тековниот прогрес на преговорите меѓу Израел и Хамас за примирје и за ослободување на палестинските затвореници и на израелските заложници, објави Тајмс оф Израел.






Трамп го смени начинот на кој ја опишува ситуацијата на Блискиот Исток, односно омекна неговата реторика. Претходно, тој тврдеше дека постои закана за „пекол“ на Блискиот Исток, но сега ситуацијата ја нарекува „невола“.

– Слушнав дека си подале рака и тие го завршуваат тоа, можеби и до крајот на неделата, но тоа мора да се случи – додаде Трамп..

Тој повторно жали што многу од заложниците не се повеќе живи поради тешките услови во кои се држени. Израел верува дека приближно половина од 98-те заложници сѐ уште се живи во Газа.

Поврзани содржини