ДЕЦАТА НЕ САКААТ РОДИТЕЛИТЕ ДА ОБЈАВУВААТ НИВНИ СЛИКИ НА ИНТЕРНЕТ Возрасните не се свесни за долгорочните последици од своите објави
Истражувањето спроведено на Универзитетите во Вашингтон и во Мичиген покажало дека три пати повеќе деца отколку родители сметаат дека треба да има правила за тоа што родителите споделуваат на социјалните мрежи.
Во истражување на Универзитетот во Вашингтон и на Универзитетот во Мичиген, во кое учествувале 249 парови родител-дете, тие биле замолени да ги опишат правилата поврзани со технологијата, кои според нив, семејствата треба да ги следат.
Според Њујорк тајмс, во повеќето случаи, родителите и децата се согласиле дека не треба да пишувате пораки на вашиот мобилен телефон додека возите или на Интернет додека некој сака да разговара со вас.
Но, едно нешто децата споменувале многу почесто од родителите: не објавувајте ништо за мене на социјалните мрежи пред да ме прашате!
Со други зборови, децата не сакаат нивните родители да објавуваат слики од нив како спијат во автомобил или да пишуваат за нивните фрустрации и семејни расправии.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.